Ако не сте задоволна со големината на вашата кујна и сметате дека таа не ги задоволува вашите потреби се надеваме дека со следните совети ќе успеете да ја преуредите и да го искористите целиот нејзин потенцијал.
1. Вертикални висечки елементи
За визуелно да ја зголемите димензијата на кујната изберете и поставете високи хоризонтални елементи. Освен што ќе изгледа поголемо ќе имате и повеќе простор за складирање.
2. Отворете ја просторијата со помош на “отворени полици“
Премногу затворени висечки елементи можат да ја направат кујната да изгледа “претешка“. Обидете се да тргнете некој од тие елементи и заменете го со отворени полици.
3. Визуелно проширете ја кујната со патека
Купете патека со некоја интересен дезен кој секако треба да одговара на боите и стилот на вашата кујна. Таа со овој додаток ќе изгледа освежено, пријатно и најважно пошироко од што е.
4. Сочувајте го просторот
Немате доволно простор за голема трпезариска маса и столчиња? Тогаш изберете тесна маса со столчиња кои можат да се вовлечат под неа.
На овој начин ќе можете да се движите низ кујната, а ќе имате доволно место за сите гости.
5. Нека сјае
Дури и ако сте дама која не сака сјајни елементи, материјалите од овој тип кои суптилно ја рефлектираат светлината ќе направат вашата кујна да изгледа поголемо и попријатно.
Затоа не вртете глава од лакираните елементи и светлите плочки.
