Потребно:
- малку црн пипер
- малку сол
- 50 милилитри масло
- малку магдонос
- 2 лажици лимонов сок
- 200 грама карфиол
- 150 грама брашно
- 2 јајца
Подготовка:
Карфиолот се обарува во солена вода. Се цеди, се кине на цветови и уште малку се посолува, се прелива со масло и сок од лимон. Се меша внимателно. Одделно од брашното и јајцата се замесува тесто погусто одошто за палачинки. Секој цвет од карфиолот се мака во тестото и се пржи во врело масло.
