Мојата кујна

Направете вкусен пржен карфиол

Потребно:

  • малку црн пипер
  • малку  сол
  • 50 милилитри масло
  • малку магдонос
  • 2 лажици лимонов сок
  • 200 грама карфиол
  • 150 грама брашно
  • 2   јајца
 Подготовка:
Карфиолот се обарува во солена вода. Се цеди, се кине на цветови и уште малку се посолува, се прелива со масло и сок од лимон.  Се меша внимателно. Одделно од брашното и јајцата се замесува тесто погусто одошто за палачинки. Секој цвет од карфиолот се мака во тестото и се пржи во врело масло.

Напиши коментар