Декорирањето на домот не мора баш секогаш да подразбира цело богатсво кое ќе треба да го одвоите од џебот. Со малку креативност, фантазија, волја и вистинско упатство може да направите неверојатни детали кои ќе го освежат изгледот на вашиот дом.
Замислете ваков лустер во вашата дневна или спална соба. Погледнете го упатството и дознајте како да направите декоративен лустер од хартиени корпички за колачи.
Потребен материјал:
- хартиен лампион
- 150-200 хартиени корпички за колачи во две големини и бои
- супер лепак

Отворете го лампионот да добие облик на топка, па полека почнете да ги лепите поголемите хартиени корпички. Најпрво направете прстен по средината, а потоа пополнувајте ги горната и долната половина правејќи концентрични кругови. Корпичките лепете ги една до друга за да добиете необични облици.

Откако ќе ја залепите целата површина време е да ги залепите малите корпички во поголемите за да добиете интересен дизајн. Најдобро е помалите да се во друга боја.

Во лампионот ставете сијалица и кабел, закачете го на ѕид, запалете го и дозволете магијата да почне.

