Art & Crafts

Направи сам: Влажни марачиња за отстранување на шминка?

Речиси на секоја дама секојдневна рутина и претставува вадењето на шминката после напорниот работен ден. Но, наместо постојано да купувате влажни марамчиња и препарати за отстранување на шминка, зошто да не си ги направите сами. Подготовката е навистина едноставна, а во тоа ќе се уверите и самите.

Потребни состојки:

  • Кокосово масло
  • Купка за бебиња
  • Вода
  • Памукчиња за лице

Подготовка:

Во подлабок сад ставете кокосово масло и истурете малку бебешка купка. Додадете вода и промешајте. Во тегла поставете ги памукчињата за лице. Истурете ја течноста внатре и оставете ја извесно време, такашто памукчињата ќе ја впијат во себе.

Погледнете го видеото подолу:

Напиши коментар