Art & Crafts

Направи сама: Круна од плетенки за 10 минути

Цветните круни и кожени плетенки за на коса се веќе неколку години во мода, што речиси станаа здодевни. Денес ви прикажуваме нешто малку поинакво, кое го создава сличниот ефект, а освен малку време не бара ништо повеќе. Со денешниот туторијал познатата YouTube корисничка Little Moon ви покажува како да си направите круна со помош на вашата коса, плетејќи ја во плетенки.

Начин на подготовка:

1. Најпрво, издвоете ја средината на косата (околу темето) од остатокот, и започнете да создавате внатрешна плетенка од назад во правец на лицето.

2. Кога ќе стигнете најнапред, поделете ја плетенката на две половини. Едната прицврстете ја на левата страна од косата, а другата започнeте да ја плетете во друга, помала плетенка, со која откако ќе завршите прицврстете ја на десната страна.

3. Сплетете го и левиот прамен во плетенка, и повлечете го наназад. Прицврстете во внатрешноста на косата, така што нема да се гледаат краевите. Истото направете го и со десниот прамен.

Видеото подолу детално го објаснува начинот на подготовка:

Write A Comment