Art & Crafts

Направи сама: освежувач на воздухот во вашиот дом

Доколку домот ви е полн со мириси на храна, чад од цигари или на нешто друго, сигурно веќе ги имате пробано куповните освежувачи за простории.

Но секогаш кога ќе ви се потроши, издвојувате пари за да купите нов. Затоа ви претставуваме како сами да направи освежувач на воздухот во вашиот дом што не е скап, долготраен е и има пријатен мирис.

Потребни состојки:
– Желатин во ливчиња (цело пакување)
– Етерично масло чиј мирис најмногу ви се допаѓа
– Кесичка-две сол
– Боја за храна
– Две чаши вода
– Тегла

Постапка:
Во теглата измешајте ги прехранбената боја и етеричното масло. Растворете го желатинот во топла вода, истурете ги сите состојки во тенџере на оган и оставете да зовријат. Мешајте за да не се создаде пена. Добиената смеса истурете ја во теглата и оставете да стои во ладилник додека се стегне. По неколку часа, затворете ја теглата со капак и тоа е тоа. Користете го својот освежувач секогаш кога е потребно!

Write A Comment