Звучи доста комплицирано да направиш сама сјај за усни, нели? Но не е. Всушност можеби би било ако го наполните со куп хемикалии, додатоци и конзерванси како купените производи.
Помислете само – сјајот го нанесувате на усните што значи дека има големи шанси да проголтате дел од тие хемикалии.
Што ќе кажете наместо тоа да се грижите за усните со сјај што ќе мириса фантастично, ќе има преубав вкус, а најважно ќе биде сосема природен и безбеден за користење.
Потребни намирници:
– 1 чаена лажичка кокосово масло,
– 1 чаена лажичка бадемово масло,
– 3-4 капки течен витамин Е,
– 1-2 капки екстракт од нане,
– 3-4 парчиња црна чоколада,
Поставете ги сите компоненти во мал стаклен сад отпорен на висока температура. Поставете мало тенџере во кое ќе налеете вода во височина до 3 см и ќе го ставите на слаб оган се додека водата зоврие. После тоа поставете го садот со намирници внатре и мешајте постојано додека сите компоненти се стопат и изедначат, но внимавајте, смесата не смее да зоврие. Домашниот сјај има рок на траење до два месеци.