Во текот на бременоста телото на мајката се прилагодува и неговата примарна цел е да биде заштита на детето, поради што, мајката е изложена на голем број болести.
Иако детето е заштитено, имунитетот на мајката многу ослабува па настинките и гриповите може да предизвикаат компликации. Во продолжение дознајте ги начините како да се заштитите од настинките и гриповите.
Зголемете го внесувањето на витамин Ц
Витаминот Ц игра важна улога во зајакнување на имунолошкиот систем бидејќи ја зголемува отпорноста на организмот, а и ги смалува траењето на болеста. Затоа конзумирајте повеќе портокали, цитрони, црвени овошја и слично, но и зеленчук како што е зелката карфиол, пиперка или моркови. Сето ова конзумирајте го свежо бидејчи со варење, печење или замрзнување се губи околу 25% од витаминот Ц.
Зголемете го внесувањето на пробиотици
Добрите бактерии од јогуртот и ферментираните млечни производи можат да ве заштитат од настинка и грип, или пак да ги ублажат нивните симптоми. Битно е да се нагласи дека внесувањето на проботиците треба да се прави најмалку 5 дена во неделата.
Умерената рекреација го подигнува имунитетот
Рекреацијата е пожелна за време на бременоста од повеќе причини, а една од нив е тоа што телесната активност го зајакнува имунитетот и помага во спречување на разни вирози.
Спречето го ширењето на вирусите
Вирусите и бактериите може да живеат и до 8 часа на површините во нашиот дом и затоа е многу важно редовно да ги чистиме истите.
Избегнувајте ги непријателите на имунитетот
Во текот на бременоста треба да го намалите внесувањето на газирани пијалоци, шеќери, алкохол и цигари. Исто така, ако е можно треба да го намалите и стресот затоа што тој долгорочно го намалува имунитетот. Недостатокот на сон исто така го намалува имунитетот. Иако е познато дека во бременоста е тешко да спиете комотно, потрудете се да го направите тоа како би се заштитиле себеси и вашето дете.
