Sweet Home

Не е дом, туку уметничко дело!

Денеска ќе говориме за еден волшебен пентхаус апартман во Њујорк.

Освен со воодушевувачки поглед на Централ Парк живеалиштето импресионира и со внатрешен дизајн, дело на престижното студио Robert Couturier Inc.

Внатрешноста на овој дом со површина од 450 метри квадратни се карактеризира со модерен изглед, елегантно емитување и арт нота.

Домот е изразен во светли нијанси, а доминантна е белата боја – решение со кое се постигнува чувство на релаксација и хармонија.

Освен со свежа визија декорацијата на станот се издвојува со емитување и љубов кон уметничките дела кои се насекаде низ просторот за живеење. Несомнено токму тие влеваат живот, шарм и индивидуалност на домот.

Напиши коментар