Дестинации

Не треба да се плашиме да летаме со авион

Имате страв од летање со авион? Тогаш треба да го прочитате ова, може и ќе ве предомисли…

Ако имате план летово да одите некаде на летување со авион или пак ќе одите на летна работа во САД, а сепак имате страв од авиони, можеби ќе ви помогне оваа статистика.

Мината година се случиле 24 фатални авионски несреќи, кои само 11 од нив биле патнички авиони, од кои повеќето биле помали авиони, што е многу помалку од десетгодишниот просек на 34 несреќи во една година.

Ако ова ви звучи многу, тогаш треба да знаете дека според тоа колку авионски летови се случуваат во текот на годината, статистички еден просечен патник треба да патува дури 14.000 години, за да му се случи некаква несреќа. Ова го изјави Гинтер Меншиг, кој е шеф за безбедност на Здружението на меѓународниот авио сообраќај.

Според оваа статистика, повеќе е веројатно дека во иста година ќе имаате сообраќајни несреќи со автомобил, воз и автобус заедно, отколку да имате несреќа со авион.

Напиши коментар