Cafe Del Mar

Неколку совети од најдобрите светски тренери

Во фитнесот, како и општо во животот, се стремиме да бидеме што по наоружани со информации кои секојдневно ни го олеснуваат патот до остварување на нашите цели. Кога се работи за фитнесот, нема подобар ресурс на совети и информации од професионалците за здравје и фитнес чии кариери зависат од постигнување резултати кај клиентите. За постигнување на вашиот потенцијал, најдобрите селектирани експерти во фитнесот и здравиот живот во светот ги поделија своите најдобри совети, мантри и мотивациони тајни кои ги научиле во текот на кариерата.

Заборавете на мерењето масти во телото

Престанете да се грижите за точниот процент на масти што сте согореле во текот на вежбањето и обрнете им внимание на калориите кои ги согорувате од тие масти, и секако, за да согорите најмногу што можете, и да ја постигнете целта, издржете колку што е можно подолго.

Станете фит од внатре кон надвор

Не трчајте кон огледалото после секоја сесија да ги воочите резултатите, фокусирајте се прво на вежбите кои ќе ве направат поенергични, поздрави и со помалку стрес.

Започнете го денот со вежбање

Ако вашиот презафатен распоред не ви дозволува да вежбате редовно, наместете си го будилникот да ве буди порано еден час, бидејќи е помалку веројатно да вежбате покасно откако ќе се фатите за некоја работа.

Најдете време за медитација

Научете како да ја вклопите медитацијата во вашата редовна рутина, без разлика на тоа колку време таа ќе трае. Многу дополнителни стресови, болки, несигурности и борби се предизвикани од дисконекцијата со сопствениот ум. Медитацијата не чини пари, не бара ништо а може да се прави било каде. Со цел да се промени вашето тело, мора да се промени и вашиот ум и начинот на кој размислува.

Правете го она што го сакате

Ако се обидете да правите нешто и тоа не ви функционира како што сакате, пробајте нешто друго. Никогаш не престанувајте ја потрагата по она што вам ви прилега и ве прави среќни.

Напумпајте повеќе железо 

Најдобриот совет што може да му се даде на оној кој сака да го промени обликот на неговото тело е да дига тежина. Поточно, тоа треба да се направи со комбинирање на вежби со висок интензитет и дигање на тежина. За најдобар резултат комбинирајте 20минути дигање на тежина со 20минути интензивно правење на вежби.

Слушајте го телото, а не умот 

Вашето тело знае подобро, како на пример во деновите кога не се чувствувате спремно за вежбање, тоа е вашиот ум кој врши саботажа. Вашето тело копнее по движење, циркулирање, лечење.

Почнете со вежбање имајќи го крајот на ум 

Започнете го вежбањето со вашите специфични цели во умот, а потоа вратете се наназад да го испланирате тренингот. На тој начин ќе знаете точно што треба да направите за да ги постигнете целите притоа да ја задржите мотивацијата низ целиот час.

Изградете емотивна врска 

Повеќето луѓе не уживаат во вежбањето, но студиите покажуваат дека кога ќе се поврзете со нешто што ви се допаѓа, без разлика дали е тоа личен тренер или фитнес видео, или пак дел од опрема, значително сме повеќе склони кон рутинското вежбање.

Мислете на храната како гориво 

Гледајте на храната како да е гориво повеќе отколку таа да е награда или утеха за нешто што сте го направиле. Со време, овошјето и јаткастите плодови ќе ви имаат значително подобар вкус од порано.

Напиши коментар