Мода

Неколку трикови за беспрекорен изглед

Понекогаш знае да биде многу напорно во раните утрински часови да размислуваме за било што, а особено за тоа како да склопиме комбинација во која ќе изгледаме како милион долари.

Без разлика кој ќе биде вашиот избор, ви нудиме неколку нешта кои автоматски ќе го подобрат вашиот изглед…

Никако немојте да го заборавите накитот

За тоа да не ви се случи, накитот нека ви биде изложен на сталакт, во кутија или на било кое место кое ви е при рака. Накитот ќе ја подигне секоја ваша комбинација.

Секогаш имајте очила за сонце

Освен што се одличен моден додаток, тие се ваш најдобар beauty сојузник по непреспиената ноќ.

nekolku trikovi za besprekoren izgled 01

Инвестирајте во пегла на пареа

Ништо не го подобрува целокупниот впечаток како беспрекорно испеглана облека, а благодарение на таквата пегла секое ваше парче ќе биде совршено испеглано за 30 секунди.

Водете сметка долната облека да остане скриена

Бретелите на градникот кои се гледаат под блузата не се убав призор, па водете сметка да одберете вистински долен веш и внимателно носете го.

Одберете ја вистинската торба

Торбите имаат важна улога во стајлингот, па водете сметка да се квалитетни и да изгледаат префинето.

nekolku trikovi za besprekoren izgled 02

Носете јарки нијанси на кармин

Бледите нијанси можат да делуваат по малку безлично, додека ведрите и јарки нијанси ќе ја подигнат секоја комбинација, ќе го истакнат вашето лице и ќе ви осигураат софистициран изглед.

Чевлите треба секогаш да се уредни

Ништо не може полесно да го расипе добриот стајлинг од неуредни чевли или патики, особено ако се во светла нијанса.

 

Write A Comment