Art & Crafts

Неколку трикови за секогаш купатилото да ви биде средено

Бањата треба да биде наша мала оаза во која ќе уживаме, а не мачно место кое постојано треба да го рибаме и средуваме.

Во прилог ви нудиме неколку совети како да си ја олесните работата.

 Намачкајте го огледалото со пена за бричење

Откако ќе го намачкате со пена за бричење се што треба е добро да го избришете и повеќе нема да имате замаглено огледало. Оваа постапка треба да ја повторувате еднаш во три недели.

Најдете место за полица

Полицата е одличен начин за да ги организирате пешкирите, тоалетната хартија, средствата за чистење…За максимално да го искористите просторот, полицата ставете ја над вратата.

Исчистете ги славините и тушот на природен начин

Ако имате чувство дека славината или пак тушот имаат слаб млаз, тогаш веројатно ви се насобрал каменец. За да го решите овој проблем, ставете алкохолен оцет во кесичка која ќе ја прицврстите со ластиче за славината/тушот и оставете ги преку ноќ да се “киснат“. Следниот ден ќе бидат како нови.

Закачете корпички на држачот на завесата за туширање

Ако ви недостасуваат полици и место каде ќе ги складирате предметите во бањата, закачете корпи за држачот на завесата за туширање. Нема да ви пречат, а така сите предмети ќе си имаат свое место.

Write A Comment