Пронаоѓањето на баланс помеѓу она што е практично и она што се чини естетски убаво за возрасните е навистина тешка задача. Но оваа двојка од Москва, Русија, успеа да им овозможи максимален комфорт и безбедност на своите деца, без да го уништи изгледот на етериерот.
Со помошта на архитектонското студио „Ruetemple“, тие успеале да дизајнираат куќа од само 20 метри квадратни на најдобар можен начин.
Имено, не е едноставно да се всели цело семејство во вака мал простор на долг период, меѓутоа, оваа еко-куќарка е идеална за минување на слободните денови за време на летниот одмор, или пак празничните викенди.









