Art & Crafts

Необични полици кои можете да ги направите сами

Полиците се интересен детаљ кој ќе ја украси секоја просторија. Тие не мора да бидат големи и скапи за да му дадат шарм и топлина на вашиот дом.

Веруваме дека сте ги забележале оние мали полици кои изгледаат комплицирано и сте помислиле дека тие едноставно нема каде да ги купите или пак дека би ве чинеле многу повеќе од она што сте подготвени да го платите.

Затоа за вас одбравме неколку интересни полици кои самите можеме да ги направиме.

Овие две полици можете да ги составите од најобични необработени даскички со различни должини и да ги споите во било која форма.

полица број 01

Полица-кутија може да биде направена од стара дрвена кутија, гајба од вински шишиња или нешто слично.

Само офарбајте ја во саканата боја и добро прицврстете ја на ѕидот и тоа е тоа.

полица број 02

Полица триаголник ќе направите ако споите три даски и ги споите односно зацврстите со шајка, можете да додадете и една попречна даска, но не мора ни тоа.

полица број 03

Полица како гранка на дрво. Се што треба е да наредите летвички во облик на гранка од дрво. Не е неопходно се да биде од едно парче.

полица број 04

Одберете ја онаа која најмногу ви се допаѓа и со неа разубавете го вашиот дом.

Исто така можете да осмислите некоја нова форма и ако го направите тоа не заборавајте да ја фотографирате и да ни ја испратите.

Напиши коментар