Sweet Home

Неодолива вила во Хрватска

Вилата „Златни зрак“ која се наоѓа во колоритниот хрватски град Примоштен, просто остава без зборови. Овој град кој лежи на брегот на прекрасниот Јадран плени со природни убавини и со своето богато културно наследство.

Мал е бројот на ресорти кои можат да се споредат со убавината и шармот на вилата „Златни зрак“, барем кога зборуваме за оваа околина на Хрватска. Несомнено, стил и елеганција кои не може да бидат игнорирани. Иако не се работи за огромна вила, трите спални и купатила ќе направат сите оние кои гостуваат тука да го почувствуваат врвот на луксузното живеење. Имотот се наоѓа на такво место што нуди панорамски поглед на водите наоколу.

Покрај фасцинантниот амбиент, имотот нуди и неверојатен комфор, правејќи го престојот незаборавен. Кујните се постојано оддржувани и комплетно опремени, а и доволно големи за по некоја забава или некој друг помал настан. Фитнесот на отворено во комбинација со приватната сауна се додаток на и онака раскошната понуда на вилата „Златни Зрак“. Ускладените ентериери на секоја соба засебно, контрасните дрвени подови кои совршено одговараат на морскиот амбиентот, мебелот и ѕидовите зачинети со богатите материјали и платна, како и скалите во лебдечки стил ја прават оваа вила рај кој секој би посакал да го посети.

 

Напиши коментар