← НАЗАД НА БОЗА

Непечена бајадера торта

Непечена бајадера торта
941 Читања

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 300гр мелена плазма

* 375гр маргарин

* 390гр шеќер во прав

* 100гр чоколадо за готвење

* 250гр мелени ореви

* чаша сок од портокал

* 0,5 литри млеко

* 2 пудинга од ванила

* 2 пакетчиња шлаг

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Оваа торта се прави од три кори и не се пече.

Прва кора: Изматете 300гр мелена плазма, 125гр истопен маргарин, 130гр шеќер во прав, 100гр истопено чоколадо за готвење и малку сок од портокал. Смесата ставете ја во фрижидер да се стегне.

Втора кора: Изматете 250гр мелени ореви, 125гр истопен маргарин, 130гр шеќер во прав и малку сок од портокал. Смесата ставете ја во фрижидер да се стегне.

Трета кора: Сварете ги двата поудинга од ванила во половина литар млеко со четири лажици шеќер. Кога смесата ќе се излади, додадете 125гр маргарин со 130гр шеќер во прав.

На чинија ставете ја првата кора и обликувајте ја по желба. Врз неа втората, па третата и на крајот шлаг.

Уживајте!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk