Зајакнете го метаболизмот со само неколку голтки нискокалорична детоксикациска вода. Овој пијалок од јаболка и цимет скоро да нема калории, може да ви помогне при слабеење и што е најважно, ќе ви даде многу енергија.
Потребни состојки:
2 поголеми или 3 мали јаболка
2 стапчиња цимет
1 стаклено шише со широк отвор
1 литар вода
Подготовка:
Измијте ги јаболката, исечете ги на тенки кришки и ставете ги во шишето.
Во шишето ставете две до три стапчиња цимет.
Состојките полиете ги со вода, затворете го шишето и ставете го фрижидер да преноќи.
Пијте од пијалокот секој ден.
Во водата може да исцедите и малку сок од лимон, мандарина или портокал. Кога ќе го испиете пијалокот состојките повторно полиете ги со свежа вода и оставете ги да преноќат како првиот пат.
Истите состојки можете да ги користите дури четри пати.
