Кога е надвор ладно, а особено кога стоите во снег, прво, се разбира ви смрзнуваат нозете. Тоа е поради тоа што на ладното, се забавува циркулацијата на крвта, а најмногу и треба да стигне до екстремитетите.
А потоа настануваат последици како – настинка, циститис, заболени бубрези…
Понекогаш во вечерните часови по работата, долго го чекаме превозот, а ги сакаме и вечерните зимски прошетки. Но, ни најквалитетните чизми со дебел ѓон, и волнени чорапи, често не помагаат да ја задржат топлината. Прстите почнуваат да трнат, а вие чувствувате како ладното се шири по целото тело.
Затоа само за вас подготвивме навистина делотворен начин на греење на стапалата!
Се што ви е потребно е вашата зимска облека, ножици и еден маркер и малку рефлектирачки материјал (може да послужи фолија за заштита на шофершајната на возилата, која многумина ја користат за задржување на топлината во вашиот дом во ладните зимски денови, а можете да ја набавите секаде, вклучувајќи ги и кинеските продавници)
Постапка: Извадете од своите чизми влошките и спојте ги со фолијата. Со маркер нацртајте ги рабовите на влошките, па исечете и ставете ја во својата чизма.
На овој начин топлината се рефлектира од фолијата.