Некогашното обележје на класиката и на дамскиот стил, плисето, денес се носи сосема опуштено преку целиот ден…
Плисираните сукњи се хит. Имаат повеќекатегорична намена и можете во нив буквално да останете цел ден. Кошулата и сукњата од брендот “Nora” , и торбичка “New Look”, се адаптабилни за секоја прилика. Женствениот фустан е добар за некое попладневно излегување. Со различни обувки за многу прилики. Плисеo во јаки бои е исто така погоднo за попладневни прошетки, се комбинира со обувки во иста нијанса , неутрално крем или сиви.

Се носи и како фустан и како туника, лесно се адаптира за деловен стајлинг кога се комбинира како туника, со тесни фармерки или џемпер. Преовладуваат асиметрични кроеви кој оддаваат гламурозност.




