Motherhood

Ние ги правиме децата умни или глупави!

Не разбирам како е возможно вакво нешто? Сакам да кажам, на каков начин фактот дека ќе ги сметаш учениците за идиоти, може навистина да ги направи такви?

Постојат две возможни варијанти како одговор. Прво да ве прашам нешто: Како се изразувате кога се обраќате кон некој глупав човек?

Па, со суплементарни зборови, со кратки реченици, обраќајќи се само со мисли и фрази кои ќе умее да ги свари.

Правилно. Истото се однесува и за случаите кога разговараме со деца чиј ум има потреба од стимулирање, за да се развива, и како резултат тие ќе тапчат во место, наместо да потегнат напред. Тоа е првото објаснување. Постои и друго, многу по лошо.

Кога имате работа со дете кое го сметате за глупаво, се во вас му напомнува постојано дека тоа е глупаво. Не само вашиот речник, како што видовме, но и начинот на изразување, мимиките, погледот.  Вие го сожалувате или напротив, сте раздразнети и тоа не можеш да го скриеш – тоа се чувствува глупаво во ваше присуство. И ако сте ценета личност во неговите очи, ако положбата, возраста, улогата, ве прават човек на кој може да му се верува, тогаш многу големи се шансите да ви поверува, односно да почне и само да верува во својата неспособност. Така почнува да верува дека е глупаво…и почнува да се развива како такво…

„Човекот кој сакаше да биде среќен“ Лоран Гунел

Напиши коментар