Мода

Носете цветни дезени и во есен!

Иако цветните дезени се поврзани со сонце, јарки бои, убаво време сепак може да ги носите и во текот на студените месеци.

Ако се прашувате како да ги носите продолжете да читате…

Прво одберете дезен во склад со есенските бои темно виолетова, кафена, темно жолта како и останатите топли темни нијанси и проверените црно бели комбинации кои се одличен избор за секоја прилика.

Потоа, цветниот дезен можете да го носите во комбинација со едноставните модни додатоци како капи, марами и чизми. Пример фустан со цветен принт носете го со еднобоен шешир и марама. Бирајте ретро накит во темни нијанси кои ќе ја “зачинат“ вашата комбинација.

Секако нема потреба да носите цветни дезени од глава до пети. Доволно е своите омилени едноставни комбинации да ги освежите со детали од овој дезен.

Јакна со цветен принт е одличен избор. Таа е впечатлива и доволно храбра за да изгледате добро.

Суштината на секоја есенска комбинација се слоевите. Важно е само да ги одберете вистинските бои.

 

Напиши коментар