Art & Crafts

Нов изглед за вашите стари сандали

Сезоната на ниски сандали е во полн ек. Доколку на вашите омилени стари сандали сакате да им додадете нешто ново и иновативно, тогаш погледнете ги во продолжение нашите четири предлози за шик и тренди сандали.

Потребно ви е:

– сандали

– мониста во вид на топчиња

– мека кожа (боја по ваш избор)

– коноп или дебел конец во боја

– нитни

– лепак

Инструкции

Сандали со кожни реси на глуждовите

sandali-6

Измерете колку кожа ви треба по должина. Исечете реси од парчето кожа, но внимавајте, не сечете до врвот. Кожата залепете ја за ремчето на сандалите кое се наоѓа на глуждовите.

sandali-5

Сандали со нитни

sandali-8

Одберете нитни со различна големина и форма кои може да ги ставите сами. Со помош на игла направете дупчиња за нитните и со клешти добро притиснете ги.

sandali-7

Сандали со конец

sandali-99

На местата каде што сакате да ставите конец, ставете тенок слој на лепак. Почетокот и крајот на конецот нека биде од долната страна, за подобар естетски изглед. Користете повеќе бои на конец и крајниот резултат ќе биде совршен.

sandali-9

Сандали со мониста

sandali-111

За да ги направите овие сандали ставете тенок слој на лепак на местата кои ќе ги пополните се мониста. Ставајте по неколку топчиња, се додека не се пополни целата лента. Оставете ги да се исушат, минимум еден час.

sandali-11

За кој било модел да се решите да го направите, сигурно нема да погрешите. Ужувајте во летото со нови сандали.

sandali-645

 

Напиши коментар