Убавина

Нова техника за фарбање на коса: Прамени кои траат шест месеци!

Сакате расфрлани, секси праменчиња кои траат и траат, а како што ви расте косата тие изгледаат уште подобро? Испробајте ја оваа неверојатна техника!

1-nova-tehnika-za-farbanje-na-kosa-prameni-koi-traat-shest-meseci-keif.mk

Девојките кои имаат прамени знаат дека тие се многу по благодарни од класичната боја која се нанесува на целата коса. Но, дали можете да замислите дека на фризер треба да одите на секои шест месеци?

Фризерот Џони Рамирез го започнал трендот „Lived-In“ на праменчиња кои се стратешки подредени да траат и траат, а како косата ќе ви расне, тие изгледаат уште подобро.

Техниката вклучува боење на праменчиња по целата глава, поставување на бојата на стратешки делови и правење „лажен корен“ кој изгледа поприроден отколу вашата природна боја и благодарејќи на него, не се јавува груб премин кога косата ќе тргне да расте.

2-nova-tehnika-za-farbanje-na-kosa-prameni-koi-traat-shest-meseci-keif.mk

Така всушност се спојуваат техниките за боење на цела коса и изработка на праменчиња, а сè со цел да да добие изглед на расфрлани, секси праменчиња кои изгледаат одлично со месеци.

Вакви праменчиња најдобро изгледаат на коса која е добро стилизирана и која не морате постојано да ја кратите.

Џони Рамирез има одличен совет за сите жени кои сакаат да прејдат на светли нијанси, а не сакаат праменчињата да им изгледаат бело или жолто.

„Купете банана и погледнете како изгледа нејзината внатрешност. Тоа е најприродна светла боја која можете да ја најдете.“

Напиши коментар