ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
280g. бисквити
5 лажици путер
400g. Нутела
100g. печени и издробени лешници
450g. крем сирење
1/2 шолја шеќер во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Иситнете ги бисквитите во блендер, а потоа додадете го путерот на собна температура и една лажица Нутела. Добро измешајте и додадете уште три лажици лешници. Добиената смеса убаво натапкајте ја во кружен калап за торта и ставете ја во фрижидер да се зацврсти.
Со миксер изматете го крем сирењето и шеќерот во прав додека смесата не стане пенаста, потоа додадете Нутела, убаво измешајте и ставете ја врз оладената кора. Израмнете ја површината на кремот и наросете ги издробените лешници. Оставете го колачот најмалку 4 часа во фрижидер пред да послужите.