Дестинации

Од тврдина до луксузен хотел

Тврдината “Spitbank Fort” во Англија, првично била изградена со огромни топови за одбрана од Француската морнарица пред 134 години, но сега, таа доби малку попријатен изглед.

Историската тврдина на вода доби радикален “мејковер” од повеќе од 3,5 милиони евра и сега претставува извонреден “Bed&Breakfast” хотел за луѓето кои бараат изолација.

Со оглед на тоа што тврдината е оддалечена 1,6 километри од брегот, гостите може да пристигнат во своите соби кои чинат повеќе од 400 евра на ден преку посебен такси брод.

Многу одамна, во оваа тврдина преспивале и до 150 војници во посебни војнички кревети, но сега градбата има капацитет за 18 гости кои може да уживаат во луксузните топли бањи на терасите, врвниот бар и одлично уредениот покрив.

Тврдината може да биде изнајмена и на една вечер од група на луѓе за 6,000 евра, а во цената се вклучени ручек, дочек со шампањ, вечера со три вида на јадење и доручек наредното утро.

Хотелот, кој неодамна беше посетен од филмскиот екипаж на “Skyfall”, исто така може да одржува церемонии со капацитет за 60 луѓе, како свадби или роденденски забави.

Write A Comment