Дестинации

Одмор од соништата

Во луксузните одморалишта „Paradisus Resort“, гостите можат да доживеат едно комплетно ново искуство на неизмерен луксуз и безгрижно уживање покрај прекрасните крајбрежја на Доминиканска Република, Мексико и Костарика.

Во овие луксузни хотели секое катче е перфектно смислено и направено за комплетно уживање на посетителите.

Гостите можат да уживаат во секакви услуги. Собите се опремени со LCD телевизор, џакузи, сеф, приватен балкон, комплетно полн мини-бар, кафемат и фантастична спална со вграден аквариум во ѕидот.

Во текот на вечерта се организираат свирки во живо, казината работат постојано, а во дискотеките се прават раскошни забави.

Оние пак кои не се по забавата можат да уживаат во салоните за убавина, каде што можат да добијат секакви услуги. Уредување на коса, нокти и кожа, ароматерапевтски бањи, масажи, спа, сауна, биомасажи и многу други третмани.

За храната во комплексот се грижат голем број готвачи, а пијалоците се секогаш од најдобриот бренд.

Тука можете да пробате од азиската, бразилската, италијанската, американската, француската кујна и да уживате во фантастичните вина со висок квалитет.

„Paradisus Resorts“ нуди едно незаменливо „All Inclusive“ искуство, во кое можете да уживате беспрекорно.

Напиши коментар