Sweet Home

Организирајте го ходникот на интересен начин

Влезниот ходник најчесто е првиот контакт кој посетителите го имаат со нашиот дом, но во недостиг на финансии и идеи оваа просторија многу често ја занемаруваме.

Затоа денес решивме да ви понудиме интересен, едноставен и брз проект.

Набавете неколку нови дрвени гајби, по потреба префарбајте ги за да добиете еднаков изглед и сите наредете ги на начин на кој најмногу ви одговара.

organizacija na hodnikot 01

Со дополнителни украси како свеќи или билки ова катче во домот ќе го претворите од занемарено во стилско, а при влезот во домот нема да ве дочека неред.

organizacija na hodnikot 02

Во случај ако во вашиот влезен ходник нема потреба од ваков makeover или едноставно за него немате место, идејата може да се искористи во  било кој дел од вашиот животен простор.

Напиши коментар