Мојата кујна

Оргинален рецепт за лесковачка плескавица

Состојки:

  • мала лажица Црн пипер
  • малку сол
  • 700 грама свинско мелено
  • 2 лути пиперчиња
  • 100 милилитри масло
  • 100 грама кромид
  • 50 милилитри кајмак
  • 1 лажица дафинка
  • 1 главица лук
  • 300 грама јунешко мелено

Подготовка:
Кромидот и феферонките измешајте ги со месото, додадете лук, црн пипер, зачинска сол, и сол па сè измесете во хомогена смеса.
Од подготвената смеса обликувајте плескавици дебели 1 см. Печете ги на скара или пржете во тефлонско тавче на малку масло. На испечените плескавици, додека се уште топли, ставете по една лажица кајмак и веднаш послужете.
Месото е убаво измесено кога ќе се одвојува од рацете.

Напиши коментар