Art & Crafts

Оригинална идеа за украсување на подарок

Ви предлагам да направите нешто уникатно и да ги замените традиционалните панделки и украсни ленти за подароци. За изработката на оваа убава и интересна декорација наменета за некој од нашите сакани ќе напишеме порака врз парче хартија.

И така, имаме потреба од:

Дебело парче хамер во боја по избор

Лепило

Канцелариски нож

Ленир

За да почнеме треба да ја исечеме хартијата на ленти чија што широчина треба да се избере во зависност од димензиите на кутијата. После тоа изберете фраза и отпечатете ја.

Процедурата е мошне едноставна и само треба да ги разгледате сликите подолу кои ќе ви посочат што треба да се прави. За да биде нашиот украс повпечатлив можеме да додадеме уште ленти без букви дури и во повеќе бои.

Мислам дека вака украсен нашиот подарок ќе донесе многу радост на саканата особа!

Напиши коментар