Мажите несвесно сигнализираат дали ќе бидат добри татковци или не. Постојат осум знаци кои покажуваат дали партнерот ќе биде добар родител.
ИНТУИТИВЕН
Дали партнерот забележува кога сте изморени и дали ви нуди помош? Тоа значи дека е подготвен со вас да ја подели и грижата за детето односно околу рутинските работи кои секојдневно мораат да се извршат.
ГРИЖЛИВ
Дали ве држи за рака и ви ја милува косата? Со тоа покажува грижа и приврзаност. Способен е со вас да се спои на емотивно ниво што е одлично за родителски однос.
ЗНАЕ ДА СЕ СПРАВИ СО СТРЕСОТ
Родителството е преполно со убави моменти, но истовремено и стресно. Добро ќе ви дојде ако покрај вас биде партнер со кој ќе можете тоа да го поделите.
ЈА ДЕЛИ ХРАНАТА СО ВАС
Колку и да ви звучи бесмислено тоа е многу важно. Имено, ако ви понуди за вечера да пробате тоа што тој нарачал, значи дека е подготвен да дели. Доколку само зграпчи нешто од вашата порција, тоа е показател дека се грижи само за себе и нема чуства за други личности.
ОДИ ВО ПРОДАВНИЦА, ГОТВИ И ЧИСТИ
Значи дека одлично ќе соработувате како родител и ќе ги делите обврските, а кога е детето во прашање, таква помош добро ќе ви дојде.
СЕ ЖРТВУВА ЗА ВАС
Ќе пропушти излегување со пријателите за да биде со вас дека сте болни? Со тоа покажува дека е чуствителен, флексибилен и несебичен.
СИГУРЕН Е
Сте се договориле нешто да направи и тој тоа ќе го направи без неколку пати да го потсетите. Тоа е важно, затоа што не можете да го подигнете детето со некој кој не е сигурен и не води грижа.
ДОБРО СЕ СОГЛАСУВАТЕ
Ако вашата врска е цврста, емотивна, комуницирате, се почитувате еден со друг и се забавувате седодека сте заедно, тоа се добри показатели дека ќе бидете одлична екипа како родители.
