Дестинации

Отпатувајте во некое од најсреќните места на светот

Секоја година ОН објавуваат листа на најсреќните држави на светот, кои се определени од водечките експерти за економија, психологија, здравје и јавна политика.

Ако веќе не живееме во една од овие наведени најсреќни локации, тоа не значи дека не би требало да ги посетиме.

Еве ја топ листата за оваа година, плус кое место во секоја држава едноставно мора да го видите.

Швајцарија

Посетете го Луцерн пред крајот на зимата за карневалот Fasnacht. Одличен фестивал со концерти, изложби, паради и други форми на веселба.

svajcarija

Исланд

Landmannalaugar е лоциран во планините на Исланд, и како што можете да претпоставите од фотографијата е познат по своите патеки за планинарење.

island

Данска

Покрај тоа што се наоѓа во една од најсреќните држави, Архус често е рангиран во групата на најсреќни градови на светот. Тој исто така е урбан центар за студенти кои всушност се 13% од неговата популација.

danska

Норвешка

За да стигнете до Пулпит Рок ви се потребни најмалку два часа, но кога ќе стигнете на врвот, верувајте ќе сфатите дека се исплати.

norveska

Канада

Националниот парк Nahanni, кој е сместен во северозападна Канада со причина е на листата на најпопуларни туристички атракции.

kanada

Финска

Националниот парк Riisitunturi, кој се наоѓа во близина на Посио, во јужниот дел на Финска, изгледа како шума од снешковци. Теренот е тежок за движење особено зимно време, па затоа оваа локација им се препорачува на оние кои имаат авантуристички дух.

finska

Холандија

На југ од Хаг, се наоѓа историскиот центар на градот Делфт, кој е познат по своите канали кои течат по многу улици, и прекрасните историски градби, како и градското собрание кое можете да го видите на сликата.

holandija

Шведска

Локалитет на море Марстранд е најдобро познат по Carlsten, тврдината од 17 век.

svedska

Нов Зеланд

Tingariro е најстариот национален парк во Нов Зеланд и е четвртиот по ред основан национален парк во светот. На самото место е и светското наследство на УНЕСКО на кое има не еден туку три активни вулкани.

nov zeland

Австралија

Улуру или Ајерс Рок, се наоѓа во Северната Територија на централниот дел на Австралија и е исто така Светско наследство на УНЕСКО. Формацијата на песочен камен ја менува бојата во три различни периоди на годината и на денот, особено на зајдисонце и изгрејсонце кога изгледа дека свети црвено.

avstralija

Напиши коментар