Проблемот на класичната депилација, кога станува збор за чувствителен дел како што е лицето е секако појавата на акни и црвенило.
Што е најлошо од се, влакненцата секогаш се враќаат, но за тоа постои сосема природно решение, кое жените од Блискиот Исток го користат со векови.
Се што ви е потребно е кукурма (една лажичка), брашно од леблебија (две супени лажици) и малку млеко или јогурт.
Кукурмата длабоко ја чисти кожата, ги отстранува мртвите клетки и другите нечистотии на површината на кожата, го стимулира работењето на лимфните жлезди и површинската циркулација на крвта, а поради својот анти-воспалителен ефект, ги ублажува акните, го зголемува сјајот и природната pH вредност на кожата.
Нанесете ја на саканата зона во насока на растот на влакненцата и оставете ја околу 20 минути, односно додека не се исуши. Избришете со чиста памучна крпа.
Напомена: Имајте ја на ум жолтата боја на кукурмата, која ќе му даде убав тон на лицето, но по третманот потребно е добро да го измиете лицето. Третираната зона можеби ќе биде малку црвена, но тоа брзо ќе исчезне заради анти-воспалителното својство на моќната кукурма.
Овој третман треба да го повторувате 3-4 пати неделно во текот на еден месец, а резултатот е неверојатен – влакненцата максимално ќе се проретчат, истенчат и посветлат, а на крајот и трајно ќе исчезнат.