„Пантон“ ја одбра бојата на 2016 година, и на големо изненадување на сите, овојпат тоа се две бои: пастелна розова (Rose Quartz) и пастелна сина (Serenity). Пастелните бои се „ин“ секоја година, особено во сончевите денови кои следуваат, па одберете сукња, панталони, комбинезон или фустанче во некоја од овие нијанси.
Па, дали сте подготвени за овие слатки пастелни нијанси? Одбраната боја на годината на „Пантон“ вообичаено е присутна во светот на модата и декорирањето во текот на целата година. Пастелните бои се многу женствени и ќе го направат секој аутфит понежен и поотмен. Џемпер во некоја од овие нијанси е добар избор затоа што ќе ве држи топли во постудените денови, а сè уште ќе изгледате елегантно. Долга сукња или панталони, комбинирани со едноставна маичка и воочлив ѓердан, се решение за ненаметлив шик и модерен изглед. Бебешко розов фустан е основата за секој женствен изглед, само не го комбинирајте со многу други бои и дезени. Пастелните бои изгледаат добро една со друга, па можете да ги комбинирате меѓусебно. Инспирирајте се!








