Во областа Хубеи во централна Кина е лоциран најубавиот понтонски мост кој преку прекрасниот пејзаж го следи текот на реката во должина од 500 метри.
Овој живописен и бајковит предел претходно можел да се види само од чамец а денес буквално може да се шетаат над самата река.
Должината на овој мост изнесува половина километар, а неговата дестинација ја следи реката, кружејќи околу планините кои ја окружуваат. На посетителите им е овозможено да шетаат во двете насоки. Бидејќи мостот плови на површината, туристите имаа чувство како да одат по вода.
Целиот предел е окружен од шума која дава чувство на спокојство и мир.



