Дестинации

Ова е првиот хотел во светот со сопствена дождовна шума

Со највисоката зграда во светот, огромните вештачки острови и ски патеките во затворен простор, Дубаи едноставно никогаш не престанува да воодушевува.

Овој пат, се работи за хотелот “Rosemont Five Star Hotel & Residences”, кој ќе биде отворен во 2018 година, а кој е првиот хотел кој ќе вклучува сопствена дождовна шума во внатрешноста.

Имено, внатре во хотелот ќе се наоѓа вештачка плажа, базен на врвот на зградата, па дури и дрвја кои ќе испуштаат пареа.

Хотелот е дизајниран од страна на компанијата “ZAS Architecture”, а ќе го работи групацијата “Hilton”. Изградбата треба да чини 300 милиони долари, а двете кули ќе имаат по 47 ката, каде ќе се наоѓаат луксузни апартмани со 5 ѕвезди, спа центар, велнес клуб, сала за куглање и уште многу други додатоци.

Напиши коментар