← НАЗАД НА БОЗА

Ова мора да го пробате!

Ова мора да го пробате!
430 Читања

Зпечен леб со лук

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 100гр путер, омекнат на собна температура

* 3 главици лук

* 2 лажици маслиново масло

* векна леб 400гр

* 2 лажици исецкан магдонос

* 200гр изрендан пармезан

* прстофат сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Извадете го путерот од фрижидер да омекне на собна температура.

Исечете ги врвовите на главиците лук така да се гледаат врвовите на секое чешне. Во плех ставете хартија за печење а на неа алуминиумска фолија. На фолијата ставете ги главиците лук и попрскајте ги со маслиново масло. Печете ги во рерна на 200 степени.

Откако лукот ќе се олади истиснете ги чешнињата од лушпата и крупно исецкајте ги.

Изрендајте го пармезанот и исецкајте го магдоносот. Измешајте ги магдоносот, лукот, пармезанот и солта со путерот.

Исечете го лебот на парчиња и секое парче премачакјте го со смесата.

Запечете во загреана рерна на 250 степени 3-4 минути.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk