Покрај многуте модни трендови, бохо-стилот сè уште е еден од најпопуларните за топлата сезона што е пред нас. Пролетта и летото не можат да се замислат без цветните принтови, лесните материјали, етно-принтовите, блузите и туниките со лежерен крој, без ресите, а бохо-стилот ги содржи сите овие елементи, па затоа е и најомилениот.
Бохо-шик стилот ја стекна својата популарност во полеследниве дваесет години. И дизајнерите се големи љубители на овој стил, па затоа во колекциите на најпознатите модни куќи пронаоѓаме извинредни парчиња во бохо-стил.







