Art & Crafts

Ова се грешките кои најчесто ги правиме кога го користиме фенот за коса

Многу е важно да ја зачуваме убавината на косата со правилно користење на производите за нега и стилизирање, особено ако користиме уреди за обликување на косата како на пример фенот.

Денес ви ги претставуваме најчестите грешки кои знаеме да ги правиме кога го користиме токму фенот за коса.

Погрешно го користиме фенот за коса…

Не се сите фенови направени на еден начин и затоа е важно да знаете кој фен го користите, и со која цел.

Феновите со ионска технологија овозможуваат брзо сушење на косата додека пак керамичките побавно ја сушат, но истовремено се понежни за косата.

Погрешно го држиме фенот за коса додека се фенираме…

Фенирањето на косата е релативно едноставен процес, но доколку немате појма што правите, веројатноста успешно да се исфенирате е минимална.

Повеќето од нас, не знаат да ги постават четката и фенот во правилна положба. Во текот на фенирањето, четката секогаш мора да биде во вертикална положба, а фенот треба да се постави вертикално на неа во хоризонтална положба.

Не ја користиме опцијата на ладниот воздух…

Опцијата за ладен воздух не е тука со неа да ја сушите косата од самиот почеток до крајот бидејќи ќе ви треба двојно повеќе време да го направите тоа.

Таа е тука за кога 80% од косата ви е сува да ја префрлите на опцијата за ладно сушење за да си осигурате сјајна фризура бидејќи така ќе ја измазните кутикулата на влакното.

 

Write A Comment