Motherhood

Ова се најдобрите совети кои можете да им ги дадете на вашите деца

Дали размислувате за тоа како сакате вашите деца да размислуваат и какви личности сакате да станат кога ќе пораснат?

Ако сте се запрашале кои се вистинските совети кои би им биле корисни на вашите деца тогаш продолжете да читате…

Доволно си добар/а

Повеќето луѓе се плашат да прават нешто бидејќи мислат дека не се доволно добри и дека нема да успеат.

Но ти си доволно добар/а и нема да се плашиш од нови работи, нема да се плашиш од неуспех, нема да ти биде потребно одобрување од други луѓе.

Се што ти треба за среќа носиш длабоко во себе

Многу луѓе ја бараат среќата во храна, дрога, алкохол, журки, шопинг…бидејќи бараат надворешна среќа.

Не сфаќаат дека алатките за постигнување на среќа не се надвор од нив. Тие се внатре во секој од нас: благодарност, сочувство, свесност, промисленост, способност да создадеме нешто.

Учителите се насекаде околу нас

Учителите не се само на училиште, тие се насекаде околу нас. Тие се кај другарчињата, роднините, бабите и дедовците…сите тие поминале нешто во својот живот и извлекле некоја животна лекција која ја споделуваат со нас и од која ќе научиме нешто што го нема во учебниците.

Трошете помалку од што заработувате

Немој да трошиш на тоа што не мораш. Научи да живееше без тие нешта и биде среќен и кога имаш помалку.

Засакај ја здравата храна

Потребно е само да го прилагодиш сетилото за вкус, полека и постепено. Научи да готвиш, испробај некои здрави и вкусни рецепти.

Биди сочувствителен/на

Животот го започнуваме од себична перспектива. Затоа важно е да научиме да сочувствуваме, бидејќи само така ќе сфатиме дека не сме поважни од другите и дека не сме центар на светот.

Нештата кои те нервираат не се важни

Обиди се да ја согледаш пошироката перспектива и дали ако тоа за што се нервираш во моментов ќе ти биде важно и за пет години.

Најверојатно одговорот е не.

Ако одговорот и понатаму е да, тогаш продолжи да работиш на тоа.

Уживај во животот

Не само во вообичаените задоволства туку во се и во секого.

Во сончевите зраци кои те галат додека шеташ, во утринската тишина, во времето помината со саканата личност.

 

Напиши коментар