Можеби минатата година ја испративме со неочекувано топли температури, но новата пријатно не изненади со првиот снег. Некои од најубавите места во светот прекриени со снежна покривка се толку овие магични замоци расеани низ белите пејзажи.
Замокот Ноесванстајн во Баварија, Германија
Првенствено изграден како место за одмор на самотниот крал Лудвиг II, Ноесванстајн денес е еден од најпопуларните замоци и палати во Европа. Лесно е да се забележи и зошто: чудесна градба, замок кој лежи на врвот на рид опкружен со густа шума и богато декорирани историски соби. Ви звучи познато? Оваа тврдина е инспирацијата за замокот на заспаната убавица на Дизни.
Палатата на Цар Алексеј Михаиловиќ во Коломенски Парк, Москва
Оригинално изградена во 1660 година како серија на поврзани соби, коридори и предворја, оваа дрвена палата подоцна била срушена поради дотраеност. Во 2010 година била повторно изградена од страна на Руската влада на околу половина километар од оригиналната локација, а денес е популарна туристичка дестинација за туристите кои сакаат да научат повеќе за животот на царот.
Замокот Матсумото во Матсумото, Јапонија
„Хирајиро“, замокот Матсумото е еден од ретките замоци во Јапонија изградени на рамнина наместо на планините или ридовите. Со доаѓањето на пролетта замокот го обколуваат разцветани црешови дрвја, правејќи го популарно место за прошетки.
Замокот Хохензолерн во Хохензолерн, Германија
Сместен во подножјето на Баварските Алпи, замокот е повеќе од убава гледка на падините. Со многуте кули и утврдувања се смета за бисер во воената архитектура.
Замокот Храдкани во Прага, Чешка
Познат како Прашкиот замок, овој комплекс, еден од најголемите во светот, датира од 9. век. Низ вековите, а и ден денес, е дом на скапоценостите на Чешка. Тука, меѓудругото, се наоѓа Боемската кралска круна и седиштето на Претседателот на Република Чешка.
Замокот Блер во Пертшајр, Шкотска
Овој имот датира од 1260тите години, а некогаш бил дом на Кланот Мари и претставува лулка на Шкотите.
Гамлехауген во Берген, Норвешка
Гемлехауген бил резиденцијалниот дом на кралското семејството во Берген се до 1927 година. Тој претставува микс од тврдина и замок, а опкружен е со прекрасен пејзаж.
Замокот Учисар во Невшехир, Турција
Сместен на највисокота точна во Кападокија, Учисар се издига над спектакуларната панорама која го опкружува. За разлика од многу други замоци, собите, ходниците, тунелите и скалите на замокот се целосно изградени од камен.
Замокот Инујама во Инујама, Јапонија
Изграден во 1537 година, замокот бил еден од дванаесетте изградени пред периодот Едо. Често се тврди дека ова е најстариот замок во Јапонија. Сместен на мал рид во близина на реката Кисо, Инујама денес преставува културно и архитектонско наследство на градот.
Замокот Раснов во Брасов, Романија
Замокот Раснов е лоциран на 200 метри од истоимениот град, на кој му служи како тврдина од 1331 година па навака. Сепак, Раснов не бил изграден за воени цели, туку бил замислен како место во кое би се сместувале бегалци на подолго време. Оригиналната градба вклучува куќи, црква и училиште.