Дознајте кои ќе бидат модните трендови за пролет/лето 2016.
Поглед од спалната соба
Едно од најдобрите парчиња од 90-те се врати на голема врата. Инспирирајте се од стилот на Kate Moss и набавете барем еден комбинизон-фустан кој ќе биде најсензуален предлог за оваа пролет. Дизајнерите се сложни, целиот тој нежен сатен и раскошна чипка едноставно се премногу добри за во нив да спиеме.

Нови романтичари
Опуштен вид на женственост доминираше на пролетните модни писти преку женствените фустани на Erdem, Philosophy di Lorenzo Serafini, Rodarte и Alexander McQueen.
Овој пат должината нема улога но тоа како ќе ги стилизирате е многу важно. Носете ги исклучиво со едноставни рамни чевли и лежерен став.

Blue Hotel
Тексасот се уште го одржува својот култен статус благодарение на својата база на обожаватели меѓу најголемите дизајнерски имиња. Sarah Burton на Alexander McQueen ревијата претстави деним капути украсени со тешки апликации, а Chanel дизајнирани фустани од тексас кои едноставно не можете да не ги сакате.

Сребрена
Сребрената оваа сезона го доживеа својот голем момент. Кожа, свила па дури и финиш во стилот на скршено стакло. Можностите се неограничени и одат од крајност во крајност од футуристички одела се до секси рок девојка.

Рамна линија
Хоризонтални или вертикални дебели или тенки, шарени или монохорматски, ригите освојуваат од сите страни.

