Sweet Home

Оваа луксузна вила ќе ве остави без зборови

Луксузна вила со неверојатна футуристичка архитектура која никого не остава рамнодушен сега е ставена на продажба…

Оваа вила се наоѓа во Лисабон на Penha Longa островот, софистицирано место кое е посветено на оние кои сакаат и знаат како да уживаат во животот. Овој имот, кој е белег на фотуризмот  е еден од бисерите на ова место. Величествената луксузна резиденција се состои од осум соби, односно пет спални соби кои се опремени со апсолутно сите елементи кои се потребни за уживање и шест ултрамодерни бањи и голема кујна.

Таа зафаќа површина од 1200 метри квадратни на две нивоа, со тераса која зафаќа 100 метри квадратни. Но, тоа не е се. Таа е опкружена со 220 хектари прекрасна градина, два терени за голф, базени, лифт, теретана, а постои дури и огромно кино, гаража, област за скара и паркинг.

Главната карактеристика на овој дом од соништата е, всушност материјалот од кој таа е дизајнирана. Голем дел од ѕидот е направен од стакло, па веќе знаете дека погледот е неверојатен. Мермерните подови само придонесуваат за нејзиниот веќе луксузен амбиент, во комбинација со белиот мебел и декор елементите.

LUKSUZNA FUTURISTIČKA VILA

LUKSUZNA FUTURISTIČKA VILA

LUKSUZNA FUTURISTIČKA VILA

LUKSUZNA FUTURISTIČKA VILA

LUKSUZNA FUTURISTIČKA VILA

LUKSUZNA FUTURISTIČKA VILA

Write A Comment