Оваа тријаголна куќарка не е посебна само поради фантастичниот „А“ облик кој ја прави да изгледа навистина интересно. Всушност, нејзината местоположба, совршената околина, како и прекрасното уредување на ентериерот, ја прави да биде најгенијалното здание на кое „налетавме“ во последните неколку денови. Се протега на крајбрежјето на островот Фајер во Њујорк, а е дело на архитектонската компанија „Bromley Caldari Architects“. Ви нудиме мала фото-тура низ самиот објект: