Како сè повеќе се збори за снег, така нас сè повеќе ни се оди негде на планина и ни се практикува некој од зимските (екстремни) спортови, особено санкање.
Шега на страна стварно ни се оди на планина, доста ни е од загадениов воздух, но затоа што празничните слободни денови се некако уште далеку, ви претставуваме „екстремно“ добри зимски фотографии од Копаоник чисто за да се загрееме за одморот.

Копаоник се наоѓа во Србија и е еден од најголемите ски центри во Јужна Европа. Има 25 скии лифта и капацитет од 32 000 скии на саат.

Националниот парк основан во 1981 се простира централно на Копаоник и е богат со зимзелени шуми и со ендемски птици како различни врсти на бувови и еребици.






