Здраво тело

Овој природен лек од лимон ја лечи болката во зглобовите

Лимонот штити од голем број на болести, па со право можеме да го наречеме супер храна. Полн со нутриенти – содржи биофлавониди, пектин, фолна киселина, витамини C, A, B1, B6, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, манган.

Поволно делува на работата на црниот дроб, цревата, желудникот, имуниот, нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Доколку редовно го конзумирате лимонот, можете да спречите болести како ларингитис, бронхитис, грип, настинки, висок крвен притисок, бактериски инфекции, а според најновите истражувања и рак!

Постојат многу начини да ја искористите оваа намирница во секојдневното мени, но дали знаевте дека лимонот помага и како облога за лечење зглобови? Да, токму така, затоа прочитајте го овој рецепт кој може да ви помогне да се ослободите од болките во зглобовите.

Потребно е да ставите кора од два излупени лимони во тегла и да ги полиете со маслиново масло до врвот. Затворете ја теглата и оставете да отстои две недели. Откако вашиот лек ќе биде подготвен ставете од добиеното масло на газа и ставете го на болниот зглоб, преку газата ставете најлонска кеса а преку кесата волнен шал.

Ова правете го навечер и така преноќете, а наутро ќе почувствувате големо олеснување.

Пред употреба на природни лекови консултирајте се со вашиот лекар.

Напиши коментар