Дали и вие сте еден од оние луѓе кои постојано експериментираат со различни шампони и средства за одржување на косата? Тогаш, овој едноставен трик ќе ви помогне целосно да ја трансформирате состојбата на вашата коса.
Познатата стилистка Џен Аткин открива интересен трик што може да го примените на косата, во зависност за каков тип на влакно станува збор. Сигурно сте забележале дека косата на коренот не е во иста состојба како на врвот, без разлика какви средства користите. Затоа е важно да се негува целото влакно. Нејзиниот трик е следниот, користете два типа на различни шампони, наменети за нега на различни коси. Косата на скалпот е поразлична од косата на врвовите, особено ако имате долга коса.
Кај повеќето од нас коренот на косата е помрсен или сплеснат, додека краевите можат да бидат суви и нерамни. Во ваков случај Џен советува да користите шампон за волумен на коренот на косата и шампон за обнова на косата на долниот дел на косата, за да го хидрира влакното. Според неа, разликата веднаш се забележува.
И тоа не е сè, таа вели дека како што се подобрува текстурата на косата, ќе забележите дека фенирањето ќе трае подолго. Кој би рекол дека тајната за добра коса се крие во истовремена употреба на два шампони?