Дестинации

Памуккале: Најубавиот природен феномен на Турција!

Памуккале или Памук палатата е прекрасен природен комплекс на уникатните природни минерални извори во југозападниот дел на Турција, во близина на градот Денизли. Овој природен феномен е една од најважните природни карактеристики на Турција, а секоја годиан го посетуваат голем број на туристи.

И покрај тоа, што поради својот бајковит изглед често го мешаат со снежните тераси или замрзнати водопади,ова место нема никаква врска со снегот и ледот.

Памуккале се формирал во текот на илјадници години со излевање на врела минерална вода преку работ на минералното плато. Водата оставала слоеви од калциум кои постепено се натрупувале и така настанале вертикални ѕидови, тераси и сталактити со блескаво бела боја.

Тектонските движења на почвата во базенот на реката Мендерес , предизвикало земјотреси, но исто така, и издигнување на голем број извори на врела вода.

Памуккале има 17 извори во кои водата има температура од 35 степени до 100 степени целзиусови.

Се смета дека оваа вода е богата со минерали и има лековити својства. Исто така интерсена е и локалната легенда која е поврзана за ова место: Според таа легенда доволно е да поминете само 10 минути во оваа вода за да се подмладите до 5 години.

Погледнете како изгледа памук палатата:

pamukkale01

pamukkale02

pamukkale04.

pamukkale05

pamukkale07.

Write A Comment