Мојата кујна

Панирани пилешки медаљони

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500гр. пилешко бело месо (исецкано на коцки)

* 2 јајца

* 150гр. презла

* 100гр. пармезан

* сол и бибер

* 100гр. пченкарно брашно

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исецканите коцкички пилешко тркалајте ги во пченкарно брашно, потоа презла, јајце, па сол и бибер. На крајот тркалајте ги во рендан пармезан. Ставете хартија за печење на една тава и загрејте ја рерната на 200 степени. Наредете ги коцките пилешко и печете ги во рерна половина час или додека не добијат убава златна боја.

 

Write A Comment